Роден е на 14 мај 1875 година во Охрид. Во родниот град завршил прогимназија, а потоа отишол да работи како чирак кај еден свој сограѓанин – кожар во Пловдив. Во 1896 година се вратил во Охрид и се занимавал со учителска дејност. Истата година влегол во редовите на ВМОРО. Тој добивал специјални задачи – ликвидирање на непријателите на ослободителното дело, како и на предавниците.
Во 1898 година, откако го убил предавникот во Охрид Димитар Грданов-иќ, бил фатен и затворен од турската власт и осуден на 15 години затвор. Во битолскиот затвор останал до 1901 година, кога бил амнестиран. По излегувањето бил назначен за учител во Прилеп, но турската власт не му дозволила да се занимава со учителска дејност. Преминал во илегала и стапил во четата на војводата Марко Лерински. Во октомври 1901 година бил назначен за Прилепски војвода на агитационо-организациска чета. Во текот на март 1902 година, заради разврат го ликвидира прилепскиот војвода Тале Горанов.
На 7 април 1902 година со шестмина четници во Кадино Село бил предаден кај турската власт, и бил опкружен од турскиот аскер. После 24 часовна борба, со последнит е куршуми извршиле саможртва. |